ПАЦИЕНТ САКАЛ ДА ДАВИ ЛЕКАРКА Инцидент на Инфективно во Охрид
Лекарката инфектолог има 62 години и по индицентот се чувствува добро.
Пациент нападнал лекарка во Охрид и се обидел да ја дави додека чекал за преглед на Инфективното одделение во Охрид.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека едно лице најнапред вербално, а потоа и физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид. Случајот е пријавен денеска, во 9.19 часот, во СВР Охрид.
Директорот на охридската болница доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ потврдил дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да ја дави една од двете лекарки на смена. Лекарката инфектолог има 62 години и по индицентот се чувствува добро.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.