Да не го копиравте Вучиќ само во мерките за затворање на граѓаните, туку и во преговорите и бркањето вакцини, денес ќе вакциниравме Бугари во Делчево.
***
Филипче: По пристигнувањето на 24 000 вакцини од Ковакс механизмот, масовната вакцинација ќе почне во среда, во 09:00.
И ќе заврши истата среда во 15:00.
***
Нормално дека во среда ќе почнит вакцинацијата. Шо мислевте вие? Денес стигнаа и ај одма да ги потрошиме?
И после да се буните дек џабе купвевме фрижидери. Шо сте виее…
***
Пак се собрала пола влада да дочекат 24 000 вакцини.
Добро бе, свесни сте дека ако ги чекате секои 20 000 вакцини, 200 дочеци ќе имаме дур да собериме 4 милиони?!
***
Филипче: „Вакцинираните во Србија ќе имаат можност да ја примат втората доза во Македонија.“
Муабетов: „А бе да поседевте ќе спржневме нешто…ама замрзнато е месото. Ај другиот пат!“
***
Кога ќе стигнат вакцините (здравје некогаш) треба да организираме јавно боцкање за сите политичари.
Па да видите шо е препотвење кај 99% функционери, што скришно ги примиле двете дози.
***
Дајте да го замолиме Вучиќ да го завршит автопатон Охрид-Кичево зш ќе останиме кун нигде.
***
Славиме јубилеј една година во НАТО, а пола држава ни оди на вакцинација во земја која пред 20 години ја бомбардираше НАТО.
Вредеше!
***
„Охрид се спрема за ново уривање дивоградби.”
Сто посто го барет Самоил, да покажит градежна дозвола за тврдината.
***
„Се гледаме на врвот на светската мото ранг-листа.“ – Зоран Заев
(Од афоризницата на Иљче Затаракоски)