ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Лига од луѓе, пародија од држава!

Па од утре истото: вие - вмрони и неблагодарни, јас - врв на моралот и свеста, власта - најдобра во историјата.

1,862

Се расправаш со луѓе кога ќе речат дека власта е неспособна да се справи со пандемијата, ги прогласуваш за вмрони дека не мислат како тебе, ја правдаш владата дека не треба да прави како диктаторот Вучиќ и да тера ПР со 5-10-20 илјади нарачани вакцини, уште тераш инает дека Србија само набавува ѓубре колку да мачка очи, а нашиве чекаат од најдобрите вакцини и на крај одиш да се вакцинираш во Србија.

Па од утре истото: вие – вмрони и неблагодарни, јас – врв на моралот и свеста, власта – најдобра во историјата.






Лига од луѓе.

***

Лидерите договорија закони, го одблокираа блокираното Собрание, а пратениците допрва ќе го гласаат она што е договорено.

И ова е парламентарна демократија? Каква мотивација имаат граѓаните да излезат на избори и да гласаат за пратеници кога на крај партиските лидери одлучуваат што и како ќе се гласа?

Пародија од држава!

***

Кривични за тие што повикуваат на одложување на пописот!!!

***

Памтите нешто што ветил Заев и го одржал до крај ветувањето? Само еден пример!

***

Леле сега ко ќе го грабнат Заев овие неговиве дека ќе договори одложување на пописот… Жив ќе го јадат.

Се зезам бе. Ќе си голтнат како што си голтнаа сѐ до сега и уште ќе нѐ убедуваат дека тоа го сторил за доброто на граѓаните, пошо е одговорен политичар.

(Од афоризницата на Иљче Затаракоски)

Поврзани содржини