ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Или ЕУ ќе нѐ внесе сите наеднаш ко Македонци или ќе ѝ влеземе еден по еден ко Бугари!
Оние што едно 50 пати досега споделиле дека сме добиле датум за влез во ЕУ, ги ругаат другите дека се медиумски неписмени и споделуваат лажни вести. А бе ојте скријте се некаде!
Поради Оли пола МПЦ ќе треба да се тестира.
Немат поп шо не го имат целувано.
***
Ја исправивме кривата.
Додуша вертикално, ама не можит сѐ да е погодено.
***
Плус кај загадувањето е тоа што ако тоа те убие, нема да умреш од корона!
***
Да не го измислеше Тито македонскиот јазик, денес наместо „овој сајт користи колачиња“ ќе викавме „този сайт използва бисквитки“ и сѐ ќе беше полесно.
***
Денот на македонската револуционерна борба го слави поколението што од револуција знае само да се преврти на другата страна од креветот, а од борба – да се „фати за гуша“ со бабичката на пазар за да заштеди 2 денари.
***
„2/3 од младите сакаат да се иселат од земјава.“
Останатата 1/3 на време си извадиле партиски книшки.
***
„Просечната плата за август е 27 535 денари.“
Исто така, јас и Орце во просек имаме по 100 милиони евра и 5 денари. 200 милиони од неговите пари и 10 денари од моите.
***
Оние што едно 50 пати досега споделиле дека сме добиле датум за влез во ЕУ, ги ругаат другите дека се медиумски неписмени и споделуваат лажни вести.
А бе ојте скријте се некаде!
***
Значи, не туку вадете муабети, не добиле пратениците лаптопи од 1.000 евра, туку собраниските службеници. И не се платени со наши пари, туку со швајцарски.
Пратениците ќе добијат лаптопи од 2.000 евра. Од наши пари, нормално.
***
Ако е лебдечки вирусов, најубо со ползење да се движиме.
Партиските потрчковци и „независните“ интелектуалци ќе ни покажат како, па тераме.
***
Ако сметате дека само вас ви е тежок животот, помислете на човекот кој, некаде на Косово, мачка свинска маст по цело тело за да излезе од витешкиот оклоп.
***
Или ЕУ ќе нѐ внесе сите наеднаш ко Македонци или ќе ѝ влезиме еден по еден ко Бугари.
(ФБ постови на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)