Можеби ќе ве интересира
Среќа што Собранието повеќе не е гласачка машина чија единствена цел е да крене рака кога ќе му дозволат или да спушти глава кога ќе му забранат.
***
Земјотрес од 6 степени во Македонија, почувствуван и во Северна Македонија, најмногу во југозападна Северна Македонија.
Шо не е јасно?!
***
Не ваѓајте муабети, не беше ова земјотрес.
Корупцијата падна на колена пред планот на Љупче.
***
Осетивте?!
Не земјотрес, туку како им се стресоа гаќите на криминалот и корупцијата откако Љупче го објави акцискиот план за борба против нив.
***
План за вакцинација – имаме, план за борба против корупцијата – имаме, ни фалет уште вакцини и способни институции.
Саде планој сме.
***
Ак слушните пукање поручек – без паника!
Љупче се борит на фронтот против корупцијата, да знајте.
***
Каменот доаѓа од блиску, а капарот од далеку.
***
Го викале Капаро пошо тргнал во Кина со погрешна документација и од граница го вратиле назад.
***
Дур се расположени за враќање капари Кинезиве, да го побараме и тој за автопатон Охрид – Кичево.
З’ш ко да подзакаснаа малце…
***
Капарот за вакцините и Мијалков.
Тие се оние што се враќаат.
***
„Вакцините ќе стигнат деновиве.“
Дан патувет во ист авион со датумот за ЕУ?!
***
Уште Заев се плаши да не набавиме вишок ваксајнс?
***
Можевме да сме нормална држава, ама наместо тоа избравме политичари ко Шеќеринска.
***
Додека вие уживате на топлото сонце, Цветанка Ласкова ровари на таван и се мисли која бунда да ја избере за осмомартовскиот марш.
(Од афоризницата на Иљче Затаракоски)