8 Септември, наместо Денот на независноста, треба да го викаме Денот на неизвесноста, пошо 29 години живееме во неизвесност дали ќе го дочекаме следниот.
***
Народот денес го слави денот на независноста, а политичарите пленот од независноста.
***
Документацијата на Инспекторатот за животна средина го прогласувам за умрено.
***
Од прв претседател – записничар на првото заседение АСНОМ, до политичари што не знаат да напишат АСНОМ.
Прогрес.
***
Тоа што Мицковски ќе протестира против поскапа струја, а има хидроцентрали – ти е е исто ко Заев да протестира против поскапување на пиперките, а има фабрика за ајвар.
Ама не е проблем, навикнати сме да нѐ дупат во мозок.
***
Заев: „Ако сакате швајцарски плати работете како во Швајцарија.“
А бе најблиску до швајцарски плати се пратениците, ама оди прашај ги шо сработиле.
***
Изгледа децата на Заеви од две години работат ко Швајцарци, па на 18 можат да си дозволат џипови, поршеа, јахти…
Ама то е ко имаш кој да те научи.
***
Едно е „да си вработен во администрација“, а друго „да работиш во администрација“.
Разликата е во тоа што во вториот случај испаѓаш глуп.
***
Да знаеа војниците на Самоил дека после 1000 години Карлеуша ќе „пее“ во Охрид, ќе го молеа Василиј да им ги дупне ушните тапанчиња наместо да ги ослепи.
***
Охрид – градот со 365 цркви, по една за секој турбо-фолк концерт во годината.
(Избор постови на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)