„Пајакот“ за една недела во Центар подигнал 81 возило

На 72 возила е поставено механичко средство „блокатор“.

306

За една седмица  во Општина Ценатар  153 граѓани добиле казна за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција „пајакот“ подигнал  81 непрописно паркирани возила, а со на 72 возила е поставено механичко средство „блокатор“. Овие возила биле во резидентни зони и не биле сопственост на резиденти на секторот во којшто биле паркирани.






Од ПОЦ апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

 

Поврзани содржини