ГО НАПАДНАЛ ВОЗАЧОТ НА „ПАЈАКОТ“ ЗAШТО МУ ГО КРЕНАЛ ВОЗИЛОТО Инцидент во Центар поради подигнат автомобил
Полицијата веднаш го регистрирала случајот и по целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен правен поднесок.
Вчера околу 17.20 часот, во скопската општина Центар, се случил инцидент во кој возач на пајак служба бил физички нападнат.
Според пријавата што ја поднел М.В. (49), тој бил нападнат од страна на М.Ј. (48), жител на Скопје, кој претходно имал проблем со подигнатото возило. Инцидентот се случил додека М.В. вршел работни задачи како возач во пајак службата.
Полицијата веднаш го регистрирала случајот и по целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен правен поднесок.