ПАЃА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“? Вештаците докажаа дека нема уплати од Македонија кон „Сирих лимитед“ во Белизе

Во уплатите во анализираниот период од страна на вештото лице не е констатирана ниту една уплата од конкретното физичко лице Никола Груевски, ниту уплата кон „Сирах лимитед“ Белизе од кое било кое друго физичко од Македонија.

2,657

Не постојат уплати на сметката на „Сирих лимитед“ Белизе ниту од Никола Груевски, ниту од кое било друго физичко или правно лице од Македонија утврди стручниот наод, мислењето на техничкиот советник – вешто лице врз основ на материјалите за вештачење добиени по поднесена Замолница за меѓународна правна помош од Кипар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Ова стручно мислење беше изведено како доказ на барање на одбраната на Ненад Јосифовиќ, а денеска беше образложено на главната расправа за време на сослушувањето на вештото лице. Детално беа објаснети сите трансакции, уплати и исплати на сметката на „Сирах лимитед“ Белизе, во периодот од 26.07.2012 година до 31.12.2012 година како и датумите, износите и правниот основ на секоја уплата и исплата поединечно.






Во анализата на сите трансакции утврдено е дека постојат уплати на сметката на „Сирах лимитед“ Белизе од повеќе правни субјекти во дадениот период, но ниту една од тие уплати не е од правно лице од Република Македонија. Во уплатите во анализираниот период од страна на вештото лице не е констатирана ниту една уплата од конкретното физичко лице Никола Груевски, ниту уплата кон „Сирах лимитед“ Белизе од кое било кое друго физичко од Македонија.

Вештото лице во анализираниот период утврдило регуларна исплата од „Сирах лимитед“ Белизе кон „Сирах инженеринг“ ДООЕЛ Скопје. За оваа исплата вештото лице појасни дека во меѓународните плаќања во прилог на налогот за плаќање секогаш се доставува документ за основот врз кој се врши уплатата или исплатата. Тоа е меѓународно правило кое важи и за банките во Македонија за што постои и упатство за вршење платен промет со странство кое е донесено од страна на Народната Банка на РМ.

Вештото лице на прашање на бранителот појасни дека меѓународниот платен промет се одвива под строго пропишани правила, мониторирани од светски банкарски и финаниски институции. Меѓународните плаќања се вршат преку коресподентски банки од земја членка на ЕУ со дозвола од Европската централна банка. Таа коресподентска банка е гарант на платниот промет. Улогата на кореспондентски банки е да вршат меѓубанкарско порамнување во платниот промет и контрола над трансакциите од формален аспект и од аспект на законското потекло на парите, односно од аспект на спречување на перење пари.

Според стручниот наод на вештото лице, во конкретниот случај сите трансакции се поминати како редовни транскации, без дополнителни прашања, проверки или побарани анализи за потеклото на парите од страна на кореспондентските банки, што значи дека трансакциите не биле сомнителни, односно потекнувале од законски извори.

Извршената уплата која е утврдена, односно приливот од страна на „Сирах лимитед“ Белизе кон „Сирах инженеринг“ ДООЕЛ Скопје e по основ на уплата на основачки влог, односно зголемување на основачки влог. Истото, согласно регуларна законска процедура, како прилив е евидентирано и во Централниот регистар на РСМ, во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во РСМ и за дадениот износ е направено соодветно зголемување на капиталот на друштвото во тековната состојба. Исто така за наведените приливи постои пријава и до Народната банка на РСМ како вложување од странство, согласно законска регулатива.

– Резултатите на стручниот наод, мислењето на вештото лице кои денеска се презентираа во судницата како доказ видливо ја збунија и обвинителката, застапник на случајот, Лиле Стефанова која денеска поставуваше дезиориентирани прашања кон вештото лице. Огромна небулоза во целиот случај е што во обвинителниот акт кој го покренува оваа обвинителка за „Плацеви на Водно“, а во кој осомничените се товарат за перење пари (незаконско финансиско дејствие) кое во пракса единствено би се докажало со следење на финансиските трансакции, Лиле Стефанова воопшто нема нарачано финансиско вештачење. Поради тоа, тука се отвора прашањето по кој основ покренатиот обвинителен акт за „Плацеви на Водно“ кој очигледно е базиран единствено на „сомнение без никакви утврдени фактички докази досега го добиваше овој нарачан тек на настаните? – прашуваат од одбраната во „Плацеви на Водно“.

Веројатно во кој било друг правичен правосуден систем воопшто не би се дозволило покренување на ваков обвинителен акт и водење на истиот. Но, едно е сигурно, во кој било друг правичен правосуден систем после изнесување на ваков вид фактички, независни и поткрепени докази кои денеска беа презентирани на главната расправа од страна на одбраната, случајот „Плацеви на Водно“ веднаш би бил отфрлен и би се сметал за „паднат“ и од него би останало само скандалозното фијаско на обвинителот застапник на случајот, смета одбраната.

Поврзани содржини