ЈП Водовод и канализација се поднови со четири камионети
Постоечкиот возен парк на претприајтието е стар 25 години.
Четири нови средно товарни возила и две приколки со високо-потисна пумпа набави ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Возилата, како што е соопштено ќе се користат во секторот канализација. Тие се со кипер сандак и имаат нето носивост од еден тон, двојна кабина и можност за превоз на 7 вработени.
– Со реализација на оваа инвестиција се придонесе за зголемување на мобилноста на вработените во сектор Канализација, каде што во изминатиот период, за пристапност до тешко достапни локации се набавени четири нови средно товарни возила и две приколки со високо-потисна пумпа за отпушување на канализационите мрежи -, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Постоечкиот возен парк на претприајтието е стар 25 години.