ЈП „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ИНФОРМИРА ЗА ПРООДНИ ПАТИШТА Екипите се на терен, расчистувањето е во континуитет

По добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози“, велат од ЈП „Македонија пат“.

164

Од јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ информираат дека со сите расположливи екипи се на терен и во континуитет се врши расчистување на државните патишта.

„По добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози“, велат од ЈП „Македонија пат“.






Оттаму апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови, односно задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

„Исто така апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта“, велат од ЈП „Македонија пат“.

Поврзани содржини