ОЗОНСКАТА ДУПКА ПОГОЛЕМА ОД ВООБИЧАЕНО Штитот на Земјата од ултравиолетови зраци осиромашува
Атмосферскиот озон ги апсорбира ултравиолетовите зраци кои доаѓаат од сонцето, а неговото отсуство значи дека до Земјата директно допира високо енергетско зрачење, експертите велат дека супстанциите што го осиромашуваат озонот најверојатно нема да бидат исфрлени, постепено до 2060-тите.
Службата на Европската Унија, Коперник, која е задолжена за надзор на атмосферата, соопшти дека oзонската дупка која се појавува секоја година во текот на пролетта на јужната хемисфера, била значително зголемена претходната недела.
Озонот се осиромашува и формира дупка над Антарктикот, која трае од август до октомври. Обично достигнува најголема големина помеѓу средината на септември и средината на октомври, според Коперник.
Откако значително порасна во изминатата недела, дупката сега е поголема од 75% од озонските дупки од претходните години во истата фаза, од сезоната од 1979 година, сега е поголема од континентот над кој се наоѓа.
– Оваа година, озонската дупка се разви како што се очекуваше на почетокот на сезоната. Сега нашите прогнози покажуваат дека годинашната дупка еволуираше во прилично поголема од вообичаената. Минатогодишната дупка, исто така, започна невообичаено во септември, но потоа се претвори во една од најдолготрајните озонски дупки во нашите податоци – рече Винсент-Анри Пеуч, директор на Коперник, во изјавата.
Атмосферскиот озон кој се наоѓа помеѓу 9 и 22 милји над Земјата, ги апсорбира ултравиолетовите зраци кои доаѓаат од сонцето, а неговото отсуство значи дека до Земјата директно допира високо енергетско зрачење.
Коперник го следи озонскиот слој користејќи компјутерско моделирање и набудувања на сателити и иако озонската обвивка покажува знаци на закрепнување, Коперник вели дека нема целосно да се опорави до 2060-тите или 2070-тите години, известува Си-Ен-Ен.
Тоа е така затоа што ќе биде потребно време да се видат ефектите од постепеното отстранување на хлорофлуоројаглеводородите кои го осиромашуваат озонскиот слој.
Хемикалиите за првпат беа регулирани со Монтреалскиот протокол, потпишан во 1987 година. Според Агенцијата за заштита на животната средина, се очекува да бидат исфрлени до 2030 година.