OВОЈ ПУТЕР ГО ШТИТИ СРЦЕТО, ГИ ЗАЈАКНУВА КОСКИТЕ, ПОМАГА ВО ВАРЕЊЕТО Одличен додаток е во житарки, овошје и смутија
Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, ги зајакнува коските, помага за регулирање на шеќерот, богат е со растителни влакна и природни пребиотици
На прв поглед, изгледа како уште еден тренд од социјалните мрежи, но путерот од бадеми е всушност многу повеќе од вкусен намаз. Тоа е хранливо богата храна која сè повеќе наоѓа место во секојдневнata исхрана и тоа со добра причина.
Се добива едноставно со мелење печени бадеми во кремаст намаз, но она што го прави посебен е скриено во неговиот состав. Една лажица обезбедува околу 100 калории, 2,4 грама протеини, речиси 10 грама здрави масти и влакна, како и вредни микронутриенти како што се витамин Е, магнезиум, калиум и калциум. Токму оваа комбинација го прави совршен додаток во исхраната за енергија, но и за долгорочно здравје.
За разлика од класичните намази, путерот од бадеми не го оптоварува телото со празни калории, туку го храни на повеќе нивоа. Нутриционистите сè повеќе го препорачуваат како мал, но моќен додаток во појадокот или ужината, особено кога се комбинира со интегрални житарки, овошје или во смутија.
Зошто оваа едноставна храна заслужува место во вашиот секојдневен живот прочитајте на „Арт кујна“.