Овие 5 знаци укажуваат дека имунитетот ви е загрозен – никако не ги игнорирајте во ек на пандемија
Кога вашиот имунолошки систем се бори против нешто, тогаш тој ви испраќа различни сигнали, а тие сигнали никако не смеете да ги занемарувате, особено во ек на пандемија со ковид-19.
Постојат многу фактори кои можат да го загрозат човековиот имунитет, а тоа најчесто е стресот, недостатокот на сон, некои болести, па дури и лекови.
Кога вашиот имунолошки систем се бори против нешто, тогаш тој ви испраќа различни сигнали, а тие сигнали никако не смеете да ги занемарувате, особено во ек на пандемија со ковид-19.
Ви претставуваме дел од нив:
Постојан умор
Ако сте уморни без очигледна причина, како вирус, настинка, недостаток на сон или премногу работа, тоа може да биде сигнал дека имунитетот се мачи да одговори на заканата.
Рацете ви побелуваат
Доколку рацете лесно ви побелуваат на ладно, тоа значи дека немаат доволен проток на крв, а тоа може да се поврзе со некои состојби и нарушувања на имунитетот.
Црвенило на кожата
Ако кожата одеднаш ви станува црвена и ве чеша, а не станува збор за осип, дерматитис или алергиска реакција, тоа може да е знак дека вашата кожа реагира на некои закани во опкружувањето.
Нови алергии
Тоа особено може да биде случај кај луѓето кои имаат примарна имунодефициенција, односно вродено нарушување на функцијата на имунолошкиот систем. Ако вашиот имунолошки систем е инаку здрав, но моментално е загрозен, тоа може да ги намали алергиските реакции. Ослабените алергиски реакции исто така можат да бидат знак на ослабен имунолошки систем.
Инфекции кои одново се појавуваат
Хроничните инфекции се чести кај луѓето кои имаат имунодефициентни нарушувања бидејќи телото не може да се ослободи од бактериите или од поттикнувачите кои предизвикуваат инфекција. Поради тоа, инфекцијата постојано се враќа.