Јовески сака да биде уставен судија
Јовески кој е службено отсутен од државата, преку СМС порака за ТВ24 порачал дека голем предизвик би му бил изборот за уставен судија доколку ја добие поддршката на пратениците.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ќе биде нов уставен судија, објави ТВ24, наведувајќи дека е еден од тројцата фаворити на власта.
Како што потврдил висок владин функционер за телевизијата, Јовески прифатил обвинителската фотелја да ја замени со фотелја во Устaвен суд, па тој е вториот кандидат по Фатмир Скендер кој до крајот на месецов ќе биде кандидиран од мнозинството во Собранието.
Јовески кој е службено отсутен од државата, преку СМС порака за ТВ24 порачал дека голем предизвик би му бил изборот за уставен судија доколку ја добие поддршката на пратениците.
„Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник. Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција”, изјави за ТВ24 Јовески.