ЈОВАНОВСКИ НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ Депонија, канализација и стационар за кучиња во Кичево

Кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, најавува решавање на депонијата, изградба на стационар за кучиња и комплетна реконструкција на канализацијата, со цел Кичево да стане чист, безбеден и модерно уреден град.

307

Во емисијата „Тема на ден“ на Сител телевизија, кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, истакна дека во општината цели 12 години нема напредок, а ситуацијата се движи во правец кој не води никаде.

Јовановски посочи дека се потребни промени кои ќе донесат нови фабрики, инвестиции и крупни инфраструктурни проекти.






– Актуелниот градоначалник е тука 12 години. Во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново. Градот ни тоне во мрак, во ѓубре, во несигурност. Нè треба човек кој сака да работи, кој е чесен и посветен на градот, а не кој се води по лични или националистички интереси. Нè требаат фабрики, инвестиции и крупни инфраструктурни проекти – рече Јовановски.

Јовановски ги посочи трите приоритетни проблеми кои ќе ги решава со самото доаѓање на местото градоначалник, како што е проблемот со депонијата во центарот на градот, проблемот со кучињата скитници и изградба на стационар и проблемот со канализационата мрежа.

– Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една “претоварна” станица за отпад или за ѓубре, во самиот центар на градот, значи тука буквално населението ни е отруено не само од миризба, така да топ проект ни е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде прво ќе го дислоцираме. Втор проект ни е да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња, јас имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар, вработување на стручни лица, институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник не го реши тоа. Третиот проект односно проблем кој ќе го решам е течењето на фекалии, пример општината Зајас денес нема канализација, имаат некој дел или крак меѓутоа две третини не се решени, по асфалтирани улички течат фекалии – вели Јовановски.

Поврзани содржини