Јовановиќ: Дали поддршка ќе добијат и фирмите што немале висока добивка во претходната година?
Професорот Јовановиќ ја прашаува Владата зошто повторно наместо помошта да стигне директно до работниците им се дава повторно на газдите, ако се знае како помина првата мерка за работниците.
Советникот на поренешниот министер за финансии Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил преку седум прашања упатени до Владата го прокоментира четвртиот пакет на економски мерки.
Јовановиќ прашува:
- Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно ќе видиме како овие пари завршуваат кај газдите на фирмите наместо кај работниците?
- Дали еден од условите за добивање на оваа поддршка ќе биде фирмата да немала висока добивка во претходната година, или повторно најмногу пари ќе добијат „Систина“, „Брако“, кладилници, казина и фирми од зоните кои не плаќаат даноци?
- Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период?
- Зошто од 470-те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?
- Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, кога за тоа би биле потребни околу 5 милиони евра, односно, 1% од целиот пакет?
- Зошто нема мерка за поддршка за онлајн продажба и онлајн работење на самовработените и малите фирми?
- Колкава буџетска дупка ќе се направи со сите најавени даночни намалувања и како таа ќе се покрива?