ЈОВАН МИТРЕСКИ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО? Пратеникот на СДСМ се согласил да го менува Џафери
За ова премиерот веќе разговарал со Митрески, кој во моментов е во Франција на процесот „Жан Моне“, и тој се согласил да го замени Џафери.
Се очекува в недела претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски да го предложи координаторот на пратеничката група на партијата за претседател на Собранието, брифираат извори од СДСМ.
Според партиските извори денеска додека траел состанокот на ДУИ Ковачевски за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.
– Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ – брифираат извори од владејачката партија.
Претходно денеска Централното претседателство на ДУИ на состанок во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.
На ова веднаш реагираше опозицијата која истакна дека „деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот, процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место“.
„Сега е јасно зошто Димитар Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот синоќа во интервју не можеше да потврди кој ќе биде технички премиер. Не откри ниту дали ќе настапат само со своите традиционални партнери или во коалиција со ДУИ и со Алијанса за Албанците.
Од ДУИ, пак, го овластиле претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори. Шеф на Централниот изборен штаб ќе им биде министерот Фатмир Бесими.
ФУНКЦИЈАТА ЌЕ ЈА ИЗВРШУВАМ СО ПОЧИТ И СО ОДГОВОРНОСТ Се јави идниот технички премиер Џафери