ОВАА УЛИЦА ИМ ГИ КРШИ КОЛИТЕ НА ТЕТОВЦИ Три месеци се чека нејзината реконструкција (ФОТО)
лицата почна да се реконструира на почетокот на октомври и од тогаш е предизвик да се помине со возило низ неа. Со оглед дека има земја, улицата постојано е со кал која останува на обувките, кал која ја носиме во домовите и во дуќаните – објаснуваат жителите и сопственици на дуќани со разни дејности на улицата „Страшо Пинџур“.
Жителите и дуќанџиите на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово веќе трет месец се жалат дека „ги кршат своите автомобили“ на патот поради големите дупки. Од октомври таму е отстранет асфалтот па сега мора да се поминува по земјен пат полн со дупки. Оваа улица води од плоштадот до музичкото училиште во должина од 350 метри, јавува МИА.
– Поминувањето по оваа улица е страшно и хаотично, едвај проодно. Поради тоа што го нема асфалтот се појавуваат големи дупки и кога се минува над нив се соочуваме со опасност од оштетувања на возилата. Улицата почна да се реконструира на почетокот на октомври и од тогаш е предизвик да се помине со возило низ неа. Со оглед дека има земја, улицата постојано е со кал која останува на обувките, кал која ја носиме во домовите и во дуќаните – објаснуваат жителите и сопственици на дуќани со разни дејности на улицата „Страшо Пинџур“.

Од Општина Тетово информираат дека изведувачот на работите доцнел со работите по што е направен анекс на договорот за да продолжи и да ја заврши реконструкцијата на улицата.
„По наредбата од новиот градоначалник за стопирање на градежните работи што биле во тек на градба, формирана е комисија за верификација на состојбата и констатираа дека договорот склучен меѓу Општина Тетово и изведувачот бил со истечен рок. После тоа склучен е анекс договор за продолжување на рокот за изведба од 01.12.2021 до 01.05.2022 и продолжување на времениот режим на сообраќајот. По склучениот анекс договорот на изведувачот му дадовме налог за продолжување на градежните работи, но поради временските услови се отежнаа работите на терен и во зависност од временските услови ќе се продолжи со градежните работи“, соопштија од службата за односи со јавноста при Општина Тетово.
Улицата „Страшо Пинџур“ е една од двете улици кои водат од плоштадот кон северниот и западниот дел од градот.