Оваа група на луѓе досега беше „имуна“ на ковид-19, но новиот вирус сериозно ги „таргетира“
Сега веруваме дека оваа мутација се пренесува побрзо од другите варијанти на вирусот - рече Питер Хорби, професор за заразни болести на Универзитетот во Оксфорд.
Епидемијата на мутиран вид на коронавирус, кој се смета за 70 проценти позаразен, доведе некои земји да ги затворат своите граници со Велика Британија.
Покрај тоа, лекарите се особено загрижени затоа што новата мутација се шири многу повеќе кај децата.
Научниците од државната советничка група забележале дека новата мутација еволуирала побрзо во доминантен вид на југот на Британија и дека ситуацијата е слична низ целата земја.
– Сега веруваме дека оваа мутација се пренесува побрзо од другите варијанти на вирусот – рече Питер Хорби, професор за заразни болести на Универзитетот во Оксфорд.
– Постои индикација дека новиот вид има поголема склоност да ги заразува децата. Ќе мора да собереме повеќе податоци за да видиме како ќе се однесува во иднина – додаде тој.
Венди Баркли, професор по вирусологија, рече дека една од промените забележани во новата варијанта на коронавирусот е начинот на кој тој влегува во човечките клетки, што може да значи дека децата се подложни на овој вирус исто како и возрасните.