ОВА ВТОРПАТ СЕ СЛУЧУВА ВО „ПЕТРОЛЕНД“ Деца во Србија се затруја со хлор во аква парк
Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми какоп иритација на очите, кашлица, печење во носот, а едно дете е пуштено на домашно лекување.
Во детската болница во Нови Сад вчера биле примени 6 деца, а 5 од нив се задржани на лекување со поблага клиничка слика, објави порталот Република.
Постои сомнеж за труење со хлор во аквапаркот „Петроленд“.
Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми како иритација на очите, кашлица, печење во носот, а едно дете е пуштено на домашно лекување.
Од новосадската полиција потврдија дека е добиена пријава за труење со хлор, но не откриваат детали.
Сепак, речиси идентична ситуација во истиот аква парк се случила пред само 2 години. И тогаш децата со симптоми на труење морале да бидат хоспитализирани.