Ова се првите три европски држави кои ги отворија границите
Граѓаните од овие три балтички земји ќе можат слободно да патуваат во регионот, додека патниците од трети земји ќе се бара да се изолираат 14 дена.
Литванија, Латвија и Естонија ги отворија своите граници на полноќ, создавајќи го првиот „патнички меур“ во рамките на Европската унија во обид да ги обноват економиите кои бележат пад поради пандемијата од коронавирусот, објави „Ројтерс“.
Граѓаните од овие три балтички земји ќе можат слободно да патуваат во регионот, додека патниците од трети земји ќе се бара да се изолираат 14 дена.
– Балтичкиот „патнички меур“ е можност за отворање работни места и сјај на надеж за луѓето дека животот ќе се врати во нормала – рече премиерот на Литванија, Саулус Скемелис.
Одлуката на балтичките земји дојде во време кога Европската комисија се обидува да ги убеди 27-те членки на ЕУ да ги отворат своите внатрешни граници.
Ниту една од балтичките земји немаше повеќе од седум нови случаи во средата, а помалку од 150 луѓе починаа од коронавирусот во целиот регион, пренесува „Ројтерс“.
– Балтичките земји се блиски партнери со слична епидемиолошка ситуација и нивните економии се добро интегрирани така што слободното движење на луѓе и стоки е многу важно за регионот – рече претставникот на ЕК во Литванија, Арнолдас Пранкевичиус.
Ограничувањата за патувања се олеснети помеѓу Финска и Естонија, како и помеѓу Полска и Литванија, но само поради деловни или образовни причини.