ОВА СЕ ОДЛУЧУВАЧКИ ИЗБОРИ Мицкоски најавува победа и делегитимирање на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека доколку неговата партија ја добие поддршката и довербата најдобрите години допрва следат.

728

Власта води кампања да ги убеди граѓаните дека сите се исти, за да не бараат промени, но додава дека ВМРО-ДПМНЕ се различни и дека со поддршка на граѓаните ќе се победи апатијата која ја создава власта и ќе се донесе надеж во Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Алфа.

– Има скапо платена кампања од власта која ја турка низ своите медиуми, дека сите се исти. Ние велиме дека не се сите, исти, напротив дајте ни шанса да покажеме дека не се сите исти и дека најдобрите денови за Македонија допрва доаѓаат. Граѓаните не треба да ја губат надежта, јас ги разбирам, бидејќи 4 години се поминати со оваа власт во безнадежност, лаги, корупција и криминал – рече Мицкоски.






Тој гранатира дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие поддршката и довербата најдобрите години допрва следат.

– Затоа ние нема да водиме негативна кампања, не верувам дека постои објективен човек кој верува дека оваа влада прави нешто добро. Сите се убедени дека оваа влада не чини. Само тие кои имаат поврзаност материјална или финансиска со оваа власт не се објективни, и од своите канцеларии и скапи автомобили не гледаат дека половина милион гладуваат, а останатите едвај врзуваат крај со крај. Граѓаните не треба да се разочарани, нудиме поразлично и сум оптимист. Ова се одлучувачки избори, бидејќи после силна победа ќе имаме делегитимирана влада – рече Мицкоски.

Поврзани содржини