ОВА МЛЕКО ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРОДАЖБА ВО МАРКЕТИТЕ Ако сте го купиле, веднаш да го вратите!

Од АХВ потенцираат дека не е загрозена безбедноста на производот, но е утврдено присуство на растителни масти.

1,471

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека производот – УХТ млеко МИЗО 2,8% мм се повлекува од продажба во маркетите поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите.

Оттаму потенцираат дека не е загрозена безбедноста на производот, но е утврдено присуство на растителни масти.






„Рок на употреба: 20.06.2023. Потекло: Млекара Лесковац, Република Србија. Увозник: Бадев ДООЕЛ Кавадарци
Дистрибутер: Бадев ДООЕЛ Кавадарци. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, соопшти АХВ.

Поврзани содржини