ОВА КУЧЕ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИС Ниту неговата сопственичка не го забележала посебниот детаљ (ФОТО)
Ниту сопственичката на Лу, како што рекла, не забележала дека се подолги отколку кај други кучиња од истата раса, сѐ до лани.
Лу е тригодишна женка од САД, со уши долги речиси 34 центиметри. Таа е запишана во новото издание на Гинисовата книга на рекорди за 2022 година како куче со најдолги уши, пренесува списанието „Пипл“.
Пејџ Олсен, ветеринарски техничар и сопственичка на кучето, рекла дека токму ушите на нејзиниот миленик биле пресудни за да ја избере од леглото и да ја доведе дома, но ниту таа, како што рекла, не забележала дека се подолги отколку кај други кучиња од истата раса, сѐ до лани.
– За време на минатогодишниот карантин повеќе време минував дома и тогаш ми падна на памет да ги измерам тие нејзини опуштени уши. Така и одлучив да ја пријавам во комисијата за Гинисови рекорди – рекла сопственичката на Лу.
Како што рекла, на Лу не ѝ пречат долгите уши и не бараат посебно внимание, освен редовно миење.
ФОТО: Јутјуб