„ОВА Е ЗАПАДНА ЗАВЕРА ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦАТА“ Талибанците ја прекинаа вакцинацијата против детска парализа

Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

372

Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимиелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединетите нации.

Обединетите нации не наведуваат причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту, пак, Талибанците ја коментираа одлуката.






Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.

Авганистан и Пакистан се единствените 2 држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

Во Пакистан, пак, за време на вакцинацијата постојано има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.

Поврзани содржини