Ова е видеото што покрена страшна полемика во Италија – дали Ковид-19 е создаден во кинеска лабораторија?
Во прилогот, италијанските новинари тврдат дека кинеските научници наводно пресадиле протеин од лилјак на вирус кој предизвикува САРС и кој се добива од глодари. Како што објаснуваат новинарите, научниците од Кина на овој начин создале „супервирус“ кој ги напаѓа луѓето.
Италијанската телевизија „Раи 3“ во својата научна емисија „Леонардо“, уште во 2015 година емитувала прилог во кој се тврди дека кинеските научници создале „супервирус“, откако протеинот на лилјаците го помешале со веќе позната човечка зараза. Во екот на пандемијата со коронавирусот што го зафати целиот свет, токму овој прилог почна масовно да се шири на социјалните мрежи во Италија и во земјите од регионот. Но, и покрај тоа што многу италијански политичари ова го искористија за добивање политички поени, сепак, ниту еден од нив не ги демантира тврдењата, ниту, пак, ги прифаќа како точни.
Имено, во прилогот, италијанските новинари тврдат дека кинеските научници наводно пресадиле протеин од лилјак на вирус кој предизвикува САРС и кој се добива од глодари. Како што објаснуваат новинарите, научниците од Кина на овој начин создале „супервирус“ кој ги напаѓа луѓето. Токму поради тоа нивно тврдење, корисниците на социјалните мрежи веќе масовно почнаа да говорат и да се сомневаат оти новиот коронавирус со потекло од Вухан, всушност, бил создаден во лабораторија, но дека проектот најверојатно им излегол од контрола на кинеските научници.
Еден од оние што го „воскреснаа“ видеото старо 5 години е и поранешниот италијански вицепремиер Матео Салвини, кој на социјалната мрежа Твитер кратко напиша: „Неверојатно“.
🔴‼INCREDIBILE!!!‼🔴
Da Tgr Leonardo (Rai Tre) del 16.11.2015 servizio su un supervirus polmonare Coronavirus creato dai cinesi con pipistrelli e topi, pericolosissimo per l’uomo (con annesse preoccupazioni). (1/2) pic.twitter.com/QuLG07XdAt— Matteo Salvini (@matteosalvinimi) March 25, 2020
На ова реагираше италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Маџо, кој на Салвини му одговори дека не треба да шири вести кои предизвикуваат паника, бес, страв и збунетост кај народот.
– На Салвини воопшто не му е грижа за нашата земја. Не му е грижа затоа што му одговара да спроведува терор – истакнал Маџо.
Но, дали новиот коронавирус навистина е создаден од човечка рака?
Од Институтот „Скрипс“ велат дека тоа не е точно. Во извештајот на магазинот „Природата на медицината“ од 17 март годинава е објаснето дека новиот коронавирус кој потекнува од Вухан е всушност производ на природна еволуција.
Професорот Кристијан Андерсон од Институтот рекол дека неговиот тим ги споредил податоците од секвенците на геномите кај познатите типови вируси од семејството корона.
– Можеме цврсто да заклучиме дека новиот вирус потекнува од природен процес – рекол Андерсон.
Како што пишува „Malta Today“, коронавирусите се големо семејство вируси коои можат да предизвикаат инфекции и најразлични болести. Таму е наведено дека првата позната тешка болест предизвикана од коронавирусот е САРС, која се појавила во 2003 година во Кина. Втората епидемија, наведува магазинот, се случила во 2012 година во Саудиска Арабија со МЕРС.
Во продолжение, погледнете го видеото од 2015 година преведено на српски јазик: