ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ МАРТИН Потрагата е во тек, ама со намален капацитет (ФОТО)

Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сè уште е во тек, меѓутоа со многу намален капацитет, посочи братот на Мартин, Горан Јовановски.

907

Братот на исчезнатиот Мартин на Халкидики, Горан Јовановски, повторно денеска се огласи со нова порака на социјалните мрежи и замоли за поголем капацитет во потрагата по неговиот брат.

Тој објави и фотографија за која вели дека е направена на денот на исчезнувањето.






„Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сè уште е во тек, меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и во вода. Доколку некој има каква било информација и е во можност на кој било начин да помогне во потрагата по мојот брат, слободно контактирајте ме. Ве молам, споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика“, напиша тој на Фејсбук.

Поврзани содржини