ОВА Е НОВАТА САМАНТА ВО „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ Актерката стана дел од култната четворка (ФОТО)
Славната четворка ја напушти Ким Катрал, која ја играше фаталната Саманта Џонс.
Долгоочекуваните први снимки од серијата „Сексот и градот“ беа емитувани од ХБО по доделувањето на наградите „Еми 2021“. Трејлерот за новата серија „And Just Like That…“ ги покажа главните протагонисти во првите неколку секунди.
Славната четворка ја напушти Ким Катрал, која ја играше фаталната Саманта Џонс. Заедно со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, се појави и новодојдената Никол Ари Паркер.
Никол е најпозната по улогите во серијата „Империја“ и филмот „Кралот на порно“ и е првата Афроамериканка којашто станала дел од познатата женска група.
Паркер ќе го отелотвори ликот на Лиза Тод Вексли, авторка на документарци и самохрана мајка, која станала полноправна членка на нивната четворка – Кери Бредшо, Миранда и
Многумина сметаат дека пред неа е тешка задача, бидејќи ликот на Саманта беше исклучително популарен и многу обожаватели објавија дека воопшто нема да ја гледаат серијата ако ја нема нејзе таму.
Серијата од 10 епизоди ќе следи четирите пријателки кои се соочуваат со тешкиот однос пријателството и животот во педесеттите години. Досега се емитувани шест сезони од серијата и 94 епизоди, а серијата започна да се емитува уште во 1998 година.
ФОТО: Инстаграм