ОВА Е НАЈВИСОКИОТ ТИНЕЈЏЕР НА СВЕТОТ Има 15 години и висок е над два метри ФОТО
Канаѓанецот игра кошарка од петгодишна возраст, исто така беше член на славниот Реал, а една од неговите посети кај играчите на кралскиот клуб беше особено интересна, кога играчите на фудбалскиот тим спроти него изгледаа како деца.
Канадскиот кошаркар Оливие Рио влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок тинејџер во светот. 15 годишното момче достигна висина од 2,26 метри.
Роден е со 7,5 килограми, а во петто одделение беше висок метар и половина. Лекарите предвидуваа дека на својот врв ќе биде висок околу 190 сантиметри, но Рио ги надмина нивните очекувања.
Канаѓанецот игра кошарка од петгодишна возраст, исто така беше член на славниот Реал, а една од неговите посети кај играчите на кралскиот клуб беше особено интересна, кога играчите на фудбалскиот тим спроти него изгледаа како деца.
Рио сега е член на Академијата ИМГ од Флорида, и се надева дека еден ден ќе игра во најсилната кошаркарска лига во светот. Со оглед на моменталната возраст и висина, се очекува Рио да расте уште повеќе, и може да го загрози рекордот на Султан Косен, моментално највисокиот човек, висок 2,51 метри.