ОВА Е БОМБАШКАТА ОД ИСТАНБУЛ Турската полиција ја уапси осомничената за нападот (ВИДЕО)

На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје.

8,079

Жената која беше осомничена за вчерашниот напад во Инстабнул беше упасена од турската полција, при што оттаму објавија снимка од акцијата од нејзиното приведување и претресот на домот каде што претстојувала.

На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје.

 






Во исто време, корисниците на Твитер објавија фотографии од осомничената жена по нејзиното апсење.

Претходно турските медиуми објавија ново видео од жената како трча низ толпата неколку минути пред смртоносната експлозија во која загинаа 6, а повеќе од 80 се повредени.

 

Апсењето на „лицето“ кое наводно ја оставило бомбата во Истанбул го објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ја ПКК, Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул.

Во исто време, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека се уапсени повеќе од дваесет осомничени, меѓу кои и лицето кое наводно ја оставило експлозивната направа на авенијата Истиклал.

– Лицето кое ја поставило бомбата е уапсено. Врз основа на нашите заклучоци, терористичката организација ПКК е одговорна за експлозијата на бомбата – рече Сојлу, според турски медиуми, без, сепак, да прецизира дали станува збор за маж или жена.

Поврзани содржини