ОВА БАРА ОДГОВОР Путин го коментира аплицирањето на Шведска и Финска во НАТО

Што се однесува до проширувањето, новите членки, вклучувајќи ги Финска и Шведска...Русија, би сакал да ве потсетам драги колеги, нема никаков проблем со тие земји. Затоа, не постои непосредна закана за Русија со вклучување а тие земји. Но, проширувањето на воената инфраструктура над таа територија очигледно ќе бара наш одговор. И ќе утврдиме каков е тој одговор врз основа на создадените закани, изјави Путин.

759

И официјално, Шведска ќе ѝ се придружи на Финса во аплицирањето за членство во НАТО за неколку дена, потврди шведската премиерка Магдалена Андерсон. По 200 години неутралност Шведска прави „историска промена во безбедносната политика“, рече таа пред пратениците во парламентот во Стохолм.

Но, одлуката на на овие две балтички земји наиде на одговор од рускиот претседател Владимир Путин:






– Што се однесува до проширувањето, новите членки, вклучувајќи ги Финска и Шведска…Русија, би сакал да ве потсетам драги колеги, нема никаков проблем со тие земји. Затоа, не постои непосредна закана за Русија со вклучување а тие земји. Но, проширувањето на воената инфраструктура над таа територија очигледно ќе бара наш одговор. И ќе утврдиме каков е тој одговор врз основа на создадените закани – изјави Путин.

И покрај најавите за можно вето од Турција и од Хрватска, Шведска и Финска ќе аплицираат во Алијансата. Според Андерсон, за Шведска најдобра одбрана ќе биде ако таа е членка на НАТО бидејќи нема причина да се „верува дека трендот (на руските акции) ќе се промени во догледна иднина“.

Поврзани содржини