📽 ОТВОРИЛЕ ОГАН СРЕД ЛОНДОН Дете е во критична состојба, уште тројца се повредени
Четири лица се здобиле со прострелни рани поради пукотницата и се пренесени во болница во источен Лондон.
Тројца возрасни и едно дете, кое е во тешка состојба, се ранети во пукотница што се случила ноќеска во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон, објави Би-Би-Си.
Полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21.20 часот откако таму биле испукани истрели.
– На местото на пукањето дојдоа полицајци, меѓу кои и специјалисти за огнено оружје, како и лондонската Брза помош – соопшти полицијата на британската престолнина.
Се вели дека 4 лица се здобиле со прострелни рани и се пренесени во болница во источен Лондон.
Во полициското соопштение пишува дека детето сѐ уште е во тешка состојба, а се очекуваат дополнителни детали за состојбата на останатите жртви од престрелката.
Се наведува дека засега никој не е уапсен и дека сѐ уште се утврдуваат околностите на инцидентот.
“New normal” scenes in “Modern London” tonight as 4 people were shot in Hackney including a child, who is a critical condition in the shooting outside a restaurant at 21:20hrs. pic.twitter.com/O3qfUHr4Fp
— Tommy Robinson 🇬🇧 (@TRobinsonNewEra) May 30, 2024