„Отворено општество“ донира 100.000 долари за Ромите во земјава
Како што е наведено во соопштението, во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа нашето јавно здравје, потребата за заштита на најранливите граѓани е огромна.
Фондацијата Отворено општество ќе донира 100.000 долари за ромските семејства кои се социјално и економско најдиректно засегнати од здравствената криза.
Како што е наведено во соопштението, во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа нашето јавно здравје, потребата за заштита на најранливите граѓани е огромна.
„За таа цел, а во соработка со Црвениот Крст, како и со шест граѓански организации кои се активни и препознаени во ромските заедници, обезбедивме донација за хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена кои во клучните денови што следат ќе се дистрибуираат до семејствата на кои им се најпотребни. Со оваа донација ќе обезбедиме помош за околу 10.000 граѓани, односно 2.000 ромски семејства кои живеат во скопско Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Делчево, Виница Пехчево и село Црник“, стои во соопштението.
Таму е наведено и дека дистрибуцијата на хуманитарните пакети ќе започне утре и ќе заврши најдоцна на 10 април.
„Ние сме посветени на градењето толерантно и инклузивно општество, отворено за учество на сите граѓани подеднакво. Поддршката и учеството на ромската заедница во подобрувањето на условите за пристап до образование, здравствени и правни услуги, но и за промена на перцепциите, ставовите и однесувањата кон Ромите останува наш фокус и понатаму“, наведено е во соопштението.