ОТВОРЕНО НОВО ИГРАЛИШТЕ ВО ЛИСИЧЕ Мицкоски му вети на Муцунски 11,5 милиони евра годишно од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ

Со блокирањето на средства владата на СДС и ДУИ блокира две нови детски градинки во Аеродром, нов плоштад позади Капитол мол и доградба и проширување на капацитетите на две основни училишта. Колку што тие се обидуваат да спречат, толку помотивирани сме да реализираме проекти кои се ветени во нашата програма која целосно ќе биде реализирана до 2025 година и да реализираме проекти кои се за доброто на сите жители на Аеродром, независно дали се симпатизери на некоја политичка партија, не се симпатизери. Тука заеднички работиме за сите жители на оваа општина, вели Муцунски.

162

Денеска го отвораме новиот спортско рекреативен комплекс во Лисиче, локација која што ја посетивме уште за време на кампањата за локалните избори и која беше дива депонија. Искрен да бидам оваа локација пред две години изгледаше на земја од третиот свет. Сите жители на оваа општина заслужуваат и нивните деца и нивните семејства да имаат еднакви услови за рекреација, за спортување и сметам дека со оваа инвестиција во општина Аеродром го постигнавме токму тоа, рече градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

– Тоа што сакам да го повторам и го истакнав во медиумите во последните неколку мои интервјуа е дека се прават максимални опструкции од страна на централната власт да не се реализираат капитални инвестиции во општина Аеродром. Тоа е до тој степен изразено што во моментов што на седница на влада повеќе месеци се блокира пристап до обврзница, односно пристап на средства кои се наши, кои ни припаѓаат нам и кои ние имаме одговорност да ги реализираме. Со блокирањето на тие средства владата на СДС и ДУИ блокира две нови детски градинки во Аеродром, нов плоштад позади Капитол мол и доградба и проширување на капацитетите на две основни училишта. Колку што тие се обидуваат да спречат, толку помотивирани сме да реализираме проекти кои се ветени во нашата програма која целосно ќе биде реализирана до 2025 година и да реализираме проекти кои се за доброто на сите жители на Аеродром, независно дали се симпатизери на некоја политичка партија, не се симпатизери. Тука заеднички работиме за сите жители на оваа општина – вели Муцунски.






Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на нов спортски комплекс во населба Лисиче.

– Јас само ги охрабрувам само така да продолжат, исто така улогата и на пратеникот којшто доаѓа од општина Аеродром, кој што во рамките на Парламентот при секој буџет доставува амандмани, амандмани кои што за жал повторно ќе кажам поради игнорантскиот однос на оваа влада на СДСМ и ДУИ никогаш не биле до сега усвојувани. Но, добра вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада, влада на ВМРО-ДПМНЕ која што за разлика можеби од тоа што се случувало во изминатите во повеќе 3 децении има намера да води конзервативна кампања односно не сакаме да ветуваме премногу, да ветуваме чуда бидејќи никој денеска не е чудотворец. Сакаме тоа што ќе го ветиме и да го испорачаме бидејќи во минатото имало многу ветувања, тие ветувања предизвикуваат големи очекувања, а потоа кога тие очекувања нема да се испорачаат тогаш има и големи разочарувања, а како резултат на тие разочарувања денеска имаме и многумина наши сограѓани кои што за жал се селат од Македонија и од ден на ден Македонија станува се попразна и се попуста, а држава без народ полека престанува и гасне и престанува да биде држава – истакна Мицкоски.

Посочи дека носечки проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат капитални за потребите на граѓаните директно во општините низ Македонија.

– И не како што тоа го прави оваа влада која што ги блокира општинските обврзници, како што кажа и Тимчо, за капитални проекти, за капитални инвестиции, две градинки, доградба на две училишта и така натаму, ние планираме да бидеме влада која што ќе биде влада на целата територија во Македонија, за сите граѓани, за сите општини без разлика дали тоа се од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници. Планираме да бидеме влада која што ќе испорача до 250 милиони евра годишно директно од буџетот во општини капитални проекти. Овде за општина Аеродром се предвидени околу 11,5 милиони евра годишно или тоа е некаде до 46 милиони евра за еден четиригодишен мандат. Цениме дека на тој начин сите оние потреби на аеродромци, не само во форма на оваков тип на објекти, спортски игралишта, детски игралишта и така натаму, туку и ова кое што и денеска се блокира, а тоа се овие две градинки кои што се потребни, доградбата на овие две училишта, едно средно училишта, плоштадот позади Капитол и уште многу други проекти кои што се дел од овој проект ќе бидат испорачани, ќе бидат реализирани и цениме дека на тој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани и дека на тој начин барем една од причините која што сега ја наведуваат нашите сограѓани зошто ја напуштаат Македонија ќе биде елиминирана односно ќе имаат навистина пристојни европски услови за живот – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш му честиташе и на Тимчо, на советниците, на луѓето кои што се дел од администрацијата во општина Аеродром, кои што придонесоа да бидат сведоци на еден ваков прекрасен објект, како што поскаува нормално многу дечиња овдека да другаруваат, спортуваат и да го поминуваат денот.

Поврзани содржини