ОТВОРАЈТЕ ОЧИ, ДУПКА НА ПАТОТ Внимавајте каде газите ако одите по „Христо Смирненски“

Утрово жителите на улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар на својата улица забележале дупка која се отворила преку ноќ.

479

На дел од улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, кадешто се наоѓаат помалите броеви на станбените објекти, односно, кој е поблизу до булеварот „Партизански одреди“ утрово жителите се соочиле со дупка во асфалтот.

Жителите и сите кои минуваат по улицата се предупредуваат да бидат внимателни ако се движат во овој правец, а од надлежните се очекува побрзо да го санираат оштетениот дел од улицата кој може и понатаму да се шири.






Поврзани содржини