ОТСУСТВОТО НА НОВАК Е ГОЛЕМА ЗАГУБА Реакција на АТП по депортацијата на тенисерот

Без оглед како се стигнало до оваа ситуација, Новак е еден од најголемите шампиони на нашиот спорт и неговото отсуство од Австралија опен е голема загуба за играта, се наведува во соопштението на АТП.

1,292

Голема штета што Новак Ѓоковиќ нема да игра во Мелбурн на Австралија опен, порача Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) по објавувањето на одлуката за депортација на Ѓоковиќ од Австралија.

„Денешната одлука да се поддржи одлуката за укинување на австралиската виза на Новак Ѓоковиќ го означува крајот на една длабоко загрижувачка серија настани. Конечно, мора да се почитуваат одлуките на правните власти за прашањето на јавното здравје. Потребно е повеќе време да се извлечат заклучоци и поука од оваа ситуација. Без оглед како се стигнало до оваа ситуација, Новак е еден од најголемите шампиони на нашиот спорт и неговото отсуство од Австралија опен е голема загуба за играта. Знаеме колку турбулентни беа изминатите денови за Новак и колку сакаше да го одбрани трофејот во Мелбурн. Му посакуваме сѐ најдобро и му се радуваме на неговото брзо враќање на терените. АТП ќе продолжи силно да им препорачува вакцинација на сите играчи“, се наведува во соопштението на АТП.

Поврзани содржини