Отстранети 157 непрописно паркирани возила од јавните површини

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 192 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга - велат од Градот.

298

Во текот на изминатата недела (18.06 – 25.06.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 157 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 137 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.






– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 192 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето – велат од Градот.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка – стои во соопштението.

Поврзани содржини