ОТСТРАНЕТАТА ФОТКА НА ТРАМП СО ЕПШТАЈН ПАК ОБЈАВЕНА Американското министерство објасни зошто ја криело

Заменик-генералниот обвинител Тод Бланш изјавил дека отстранувањето на сликите, меѓу кои и една со Трамп, „нема никаква врска со претседателот“. Тој нагласил дека 16-те повлекувања биле направени по препорака на групи за заштита на жртвите. Според американското министерствто за правда, кога било увидено нема прикажани жртви на фотографијата, таа била повторно објавена.

154

Министерството за правда на САД повторно ја објавило фотографијата со Доналд Трамп која привремено била отстранета од досиејата поврзани со Џефри Епштајн. Одделот образложил дека одлуката за бришење била донесена „од претпазливост“, по барање на обвинителите во Њујорк, кои се сомневале дека сликата може да открие идентитет на жртви, пишува „Гардијан“.

– По прегледот, беше утврдено дека нема докази дека на фотографијата се прикажани жртви на Епштајн и затоа таа е повторно објавена без никакви измени – соопштило Министерството преку мрежата Икс.






„Немаше политичко влијание“

Заменик-генералниот обвинител Тод Бланш изјавил дека отстранувањето на сликите, меѓу кои и една со Трамп, „нема никаква врска со претседателот“. Тој нагласил дека 16-те повлекувања биле направени по препорака на групи за заштита на жртвите.

– Немаме совршени информации. Кога добиваме приговори за чувствителни материјали, ги тргаме привремено и ги прегледуваме – рекол Бланш за „Meet the Press“ на Ен-Би-Си.

„Системот ги изневери преживеаните“

Адвокатката Глорија Олред оценила дека системот „ги изневерил преживеаните“, бидејќи во документите се појавиле имиња кои не требало да бидат јавно достапни.

– Видов имиња на преживеани кои никогаш не требаше да бидат објавени – изјавила Олред за Си-Ен-Ен.

Таа додала дека некои од сликите содржат непристојни фотографии кои не биле соодветно редактирани.

„Пем Бонди, дали е ова вистина?“

Откако фотката исчезнала од официјалната страница на Министерството, демократските членови на надзорниот комитет на Претставничкиот дом побарале објаснување од главната обвинителка Пем Бонди.

„Пем Бонди, дали е ова вистина? Што друго се прикрива?“, напишале тие на Икс, додавајќи дека „ова е прикривање од страна на Белата куќа“.

Министерството одговорило дека сите материјали ќе продолжат да се прегледуваат „со голема претпазливост“ и дека секоја слика ќе биде повторно објавена по завршувањето на проверката.

Клинтон и Трамп пак во жижата

Делумното објавување на досиејата повторно ги вратило во фокус поранешните претседатели Трамп и Бил Клинтон. Во некои документи се појавиле слики од Клинтон со Гислен Максвел во џакузи, што предизвикало нов бран на шпекулации.

Републиканците возвратиле дека демократите „се обидуваат да освојат политички поени на сметка на жртвите“.

Сенаторот Тим Кејн од Вирџинија изјавил за Ен-Би-Си дека сите поврзани страни треба „да ги изнесат фактите на маса“, додавајќи:

– Ајде да ги видиме сите материјали, па јавноста сама нека пресуди.

Поврзани содржини