ОТПУШТЕНИТЕ ВО СКОПСКОТО КОМУНАЛНО НЕ БИЛЕ ВРАБОТЕНИ ПО К5 Министерството за политички систем ги демантира наводите
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најостро ги демантира наводите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје“ кои се отпуштени од работа се вработени според Програмата K5, Програма за правична застапеност, односно она што е предмет на нашата реакција, се вели во соопштението.
Отпуштените 33 лица во скопското комунално претпријатие не се вработени според Програмата за правична застапеност на етничките заедници, реагираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во свое соопштение по шпекулациите во јавноста за лицата на кои нема да им биде продолжен договорот бидејќи не се појавувале на работа, а примале плата.
Еве што велат од Министерството:
„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најостро ги демантира наводите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје“ кои се отпуштени од работа се вработени според Програмата K5, Програма за правична застапеност, односно она што е предмет на нашата реакција.
Дополнително, сакаме да информираме дека планот за распределба на вработените според K5 Програмата е успешно реализиран.
Според планот на Министерство за политички систем, а усвоен од Владата на Република Северна Македонија распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек.
Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн.
Оттука, преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите и во корелација со нивните работни способности“, се вели во соопштението.