ОТКРИЕНО КАКО ТОЧНО ШТИТАТ ФАЈЗЕР И МОДЕРНА И да се инфицирате, ќе поминете без хоспитализација

Овој резервен имун систем кој помни, а кој го создава вакцината, многу побрзо може да ги препознае новите мутации на короната, како делта-сојот на пример, што му дава време на организмот веднаш да почне да се бори со вирусот. Добрата вест е, што тој ќе функционира без разлика дали имате или немате антитела во моментот, бидејќи се базира на активирање на Б-клетките.

2,056

Луѓето скептични на вакцини конечно можат да прочитаат како тие точно фунцкионираат и зошто е подобро да се вакцинираме. Анализа на Ројтерс ги разгледува наодите од неколку најнови истражувања во врска со mRNA вакцините, како што се Фајзер и Модерна и заклучува дека тие создаваат цел резервен имун систем во организмот кој буквално го „памти“ вирусот и ќе ве одбрани целосно за да го прележите без потешкотии и без потреба да се лежи во болница за разлика од оние кои не биле вакцинирани и би можеле да завршат на респиратор и со тешки последици.

Ќе бидете заштитени и ако немате антитела!






Овој резервен имун систем кој помни, а кој го создава вакцината, многу побрзо може да ги препознае новите мутации на короната, како делта-сојот на пример, што му дава време на организмот веднаш да почне да се бори со вирусот.

Добрата вест е, што тој ќе функционира без разлика дали имате или немате антитела во моментот, бидејќи се базира на активирање на Б-клетките. Тоа се клетки кои всушност го „памтат“ секој вирус со кој телото некогаш дошло во допир. Ова е битно да се напомене, бидејќи анти-телата опаѓаат или ги снемува по 6 месеци од прележување на коронавирус, додека вакцината создава трајна меморија во телото.

Мемориските Б-клетки ќе го препознаат делта-сојот!

Студија во Америка објавена во понеделникот во bioRxiv  го покажува токму ова. Примероците од крв на 61 целосно вакцинирани возрасни луѓе сугерираат дека нивните мемориски Б-клетки се зголемиле по број по вакцинирањето, а токму тие клетки ќе бидат клучни во иднина и ќе произведуваат антитела при контакт со вирусот. Истите тие клетки биле подобри и во препознавењето на разните мутации на вирусот.

– Вашиот имунолошки систем има резервна копија – рече водачот на студијата Џон Вери од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија Перелман. – Производството на антитела од страна на Б-клетки може да потрае неколку дена за да започне, но потоа овие мемориски Б-клетки „стартуваат во акција и спречуваат тешки заболувања – додаде Вери.

Лекови за рак ќе помогнат да не се заразат оние кои веќе имаат малигно заболување

Неверојатно, но некои лекови за рак ќе можат да спречат луѓето кои веќе имаат одредено малигно заболување и се посклони кон инфицирање со корона – да не ја фатат, и тоа до 47 отсто. Истражување објавено во ЈАМА  во четвртокот, вели дека лековите mTOR/PI3K како и антиметаболитите спречуваат вирусот да се прошири со тоа што ги таргетираат баш тие делови на клетките кои вирусот ги користи за да влезе во нив и за да почне да прави копии од себеси. Еден од тие делови е и протеинот наречен ензим 2-конвертирачки ангиотензин(ACE2).

Студијата која вклучила 1.701 пациент заболен од рак открила дека по земањето предвид на основните фактори на ризик, пациентите кои биле третирани со инхибитори на mTOR/PI3K или антиметаболити за намалување на ACE2 имале 47 отсто помали шанси да бидат позитивни на вирусот отколку пациентите кои примале други терапии со лекови.

Гемзар (гемцитабин) се чини дека е особено ветувачки лек, според извештајот во ЈАМА онкологија. Студијата не докажува експлицитно дека лековите ја намалиле стапката на инфекција кај луѓето, па ќе требаат уште експерименти за да го докажат тврдењето.

Три од четворица новозаразени со делта-сојот во Лос Анџелес биле невакцинирани

Три четвртини од 43.127 новоинфицирани случаи со делта-сојот биле невакцинирани луѓе или имале примено само една доза, објавиле од американскиот Центар за контрола на болести. Тоа значи дека само еден во четири заболени бил од целосно вакцинираните и полесно го прележал делта-сојот. Вакцинираните биле двојно помалку хоспитализирани од невакцинираните (3,2% наспроти 7,6%), три пати помалку биле носени на интензивна нега (0,5% наспроти 1,5%) и двапати помалку биле ставани на респиратор (0,2% наспроти 0,5%).

Според истражувачите од студијата, мерено од 25 јули во САД, невакцинираните луѓе биле хоспитализирани 29 пати повеќе од вакцинираните, „што укажува дека вакцинацијата против ковид-19 штити од тешка форма на ковид-19 во области со зголемена застапеност на варијантата Делта САРС-КоВ-2“.

Поврзани содржини