Откриено е кој барал Вилијам и Хари да бидат разделени на погребот на принцот Филип

1,311

 

Неодамна, многумина беа изненадени од одлуката на кралицата дека на погребот на принцот Филип, неговите внуци, принцовите Хари и Вилијам, нема да стојат рамо до рамо, а „Дејли мејл“ открива дека принцот Вилијам побарал помеѓу него и Хари да стои нивниот братучед Питер Филип, синот на принцезата Ана.

Браќата навистина одеа разделени зад ковчегот на дедо им, додека го следеа во капелата, и ова беше првпат да се појават заедно во јавноста откако Хари и Меган се преселија во Лос Анџелес.

По завршувањето на погребот, Хари, Вилијам и Кејт беа видени пред капелата Сент Џорџ како разговараат и заминуваат заедно, а во еден момент Кејт заостана, па браќата продолжија да одат заедно и да разговараат.

Иако се чинеше дека сè е во ред, извори за „Дејли мејл“ тврдат дека пред тоа имало тензија и дека многу роднини покажале ладно однесување кон Хари. Принцезата Ана, принцот Едвард и неговата сопруга Софи, наводно, не сакале да го поздрават Хари ниту пред, ниту во текот на погребот.

„Иронично, единствениот што покажа какво било сочувство кон Хари беше принцот Ендру, кој според искуството на Сара Фергусон, а и според сопственото, искуси на своја кожа како е да се биде аутсајдер, а тоа е Хари во моментот“, тврди изворот.

Многумина во семејството, пишува „Дејли мејл“, сè уште му забележуваат на Хари за интервјуто што тој и Меган ѝ го дадоа на Опра Винфри, а во кое некои членови на кралското семејство беа обвинети за расизам.

Додека оделе кон црквата, Вилијам го игнорирал Хари, а иако внатре тој и Кејт седеле наспроти Хари, немало контакт со очите, туку Вилијам гледал во ковчегот на дедо им, пишува „Дејли мејл“.

 

 

Поврзани содржини