Откриено чоколадо старо 120 години, подарок од кралицата Викторија, и сè уште може да се јаде! (ВИДЕО)
Кутиите беа со вистински кралски изглед. На нив беа напишани „Јужна Африка, 1900 година“ и „Среќна Нова година, Викторија Р.И.“.
Конзерваторите во Националната библиотека на Австралија откриле една од најстарите чоколади од „Кедбери“, стара 120 години, во личните работи на славниот Австралиец, поетот Ендру Бартон „Банџо“ Патерсон.
Лимена кутија за сувенири со чоколадо е откриена на дното од кутијата со лични предмети, на имотот на поетот Патерсон, а била подарок од британската кралица Викторија на војниците за време на Бурската војна.
Она што ги изненади сите е што самото чоколадо, дури и по 120 години, не ја променило формата и бојата, туку изгледаше доволно добро за јадење. Чоколадните прачки, од кои имаше шест во пакетот, сè уште имаа ознаки на брендот од чоколадо, а пакувањето околу чоколадото, кое се состоеше од слама и сребрена фолија, речиси не беа променети.
– Почувстувавме прилично интересен мирис кога ја одмотувавме чоколадната фолија – рече конзерваторот на Националната библиотека на Австралија.
На почетокот, не беше јасно од каде ги доби овие чоколади Бањо Патерсон и како преживеаја толку долго. Сепак, истражувањето спроведено на кутијата во која се наоѓало чоколадото покажува дека тоа било подарок, ни помалку ни повеќе од кралицата Викторија.
Кралицата Викторија им донираше лимени украсни кутии на трупите кои биле дел од Бурската војна, со цел да им обезбеди утеха на војниците за време на војната со мал знак на внимание за сè што прават за земјата.

Кутиите беа со вистински кралски изглед. На нив беа напишани „Јужна Африка, 1900 година“ и „Среќна Нова година, Викторија Р.И.“.
Овие украсни кутии содржеа чоколади од „Keдбери“. Оваа фабрика за чоколади од Велика Британија создаде историски чоколади за британските трупи, бидејќи Бакингемската палата нарача 70.000 до 80.000 килограми какао за производство на чоколадото, што требаше да се направи за да биде одржливо и подготвено во груби и рововски услови на војниците.
Иако лименките беа наменети специјално за војниците, овие кутии со чоколадо наскоро станаа популарни меѓу обичните граѓани.
Оттука произлегува и мислењето дека поради својата популарност, Бањо Патерсон го купил овој пакет чоколадо од британските трупи во 1899 година, кога бил воен дописник, а потоа, како и многу војници, го испратил овој кралски пакет дома за да го спаси од јужноафриканските горештини.
По пронајдокот, оваа кутија чоколадо се најде во Националната библиотека на Австралија, како дел од пошироката колекција на личните предмети на Бањо Патерсон. Покрај неговите бројни списи, друго богатство чувано од неговата колекција е раната верзија на песната „Walcing Matilda“.