ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СВАДБАТА НА ГРАШО И ХАНА Ќе се венчаат за две недели, а кои ќе им бидат кумови?

Кума на Хана ќе ѝ биде пејачката Доменика Жувела (29), која на Инстаграм навести дека веќе се подготвува за таа улога.

1,291

Петар Грашо (45) за кум го избрал својот долгогодишен пријател и поранешен кошаркар Дино Раѓа (54), кому пејачот му беше кум на свадбата со сегашната сопруга Викторија Раѓа, пишува хрватска „Глорија“.

До венчавката со музичарката Хана Хуљиќ (31) има уште две недели, а било очекувано дека Раѓа ќе му го возврати кумството на Граша бидејќи се пријатели со години, а пејачот му помогна во тешкиот период од животот кога се раздели од неговата поранешна сопруга Жељана.






Тие се пријатели од 1990-тите, кога Дино често доаѓал во ресторанот на Зоран, таткото на Грашо, бидејќи и тој играл кошарка.

Грашо и Дино заедно ја отпеаја песната „Не сум повеќе со неа“ во која Дино сакаше на сите да им порача дека се развел од поранешната сопруга и дека сега е среќно оженет со Викторија.

Кума на Хана ќе ѝ биде пејачката Доменика Жувела (29), која на Инстаграм навести дека веќе се подготвува за таа улога.

Доменика на својот Инстаграм објави фотографија со сплитскиот дизајнер Јурица Пириќ, која стои зад брендот „Arielo“, на кој таа држи цртеж со креацијата на фустанот.

Брендот „Arielo“ го избрала и Хана за својата венчаница бидејќи тие ги креирале и нејзините фустани за матурската вечер и настапите.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини