ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ОД ОПЕРАЦИЈАТА НА НОЛЕ Ова е докторот кој му го спаси коленото

Операцијата ја извршил Антоан Геромета, а траела 15 минути.

1,681

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот го скина менискусот на коленото, а после тоа беше опериран, а ова се деталите. На Новак во рутинска операција му го извадиле менискусот, пренесува француски „Екип“.

Операцијата ја извршил Антоан Геромета, а траела 15 минути.






„Србинот имаше мала операција во Париз и се надева дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро. Овој пат не чекаше долго. Додека последен пат чекаше две години на операција на лактот во 2018 година, Новак Ѓоковиќ, кој не сака никакви хируршки интервенции, размислуваше само неколку минути пред да му даде зелено светло на д-р Антоан Геромет, хирург ортопед во спортската клиника. во Париз вчера да му направи артроскопија на десното колено по повредата што ја заработи на мечот со Франциско Серундола. Операцијата била извршена наутро без никакви проблеми и траела 15 минути, колку време му требало на специјалистот да извади прилично голем менискус“, се наведува во текстот на „Екип“.

Се очекува Новак да се врати на теренот на турнирот во Хамбург, кој започнува на 15 јули и ќе трае до 21 јули.

Потоа, пред Олимпијадата Ѓоковиќ ќе има седум дена одмор.

 

Поврзани содржини