ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА КИКА Српската јутјуберка измешала МДМА и бромазепам

Одлуката е донесена имајќи го предвид обдукцискиот записник од кој произлегува дека причина за смртта е комбинирано труење со опојна дрога МДМА и лекот бромазепам, направени се разговори со личности блиски до неа, постоење на проштални пораки и фактот дека пред смртта во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки, потврдиле од Вишото јавно обвинителство за српски „Курир“.

502

Случајот со младата српска јутјуберка Кристина Ѓуриќ Кика чие самоубиство го потресе регионот доби разрешница, а според обвинителството во Белград никој не е виновен за околностите под кои настапила нејзината смрт.

„Одлуката е донесена имајќи го предвид обдукцискиот записник од кој произлегува дека причина за смртта е комбинирано труење со опојна дрога МДМА и лекот бромазепам, направени се разговори со личности блиски до неа, постоење на проштални пораки и фактот дека пред смртта во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки“, потврдиле од Вишото јавно обвинителство за српски „Курир“.

Поврзани содржини