ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ХАЛК ХОГАН Објавени потресни детали од последните денови од животот

Легендарниот Халк Хоган почина на 71-годишна возраст од срцев удар, а документите откриваат дека тој имал историја на атријална фибрилација и хронична лимфоцитна леукемија.

1,462

Легендарниот Халк Хоган почина на 71-годишна возраст од срцев удар, а документите откриваат дека тој имал историја на атријална фибрилација и хронична лимфоцитна леукемија.

Според информациите до кои дошол „Пејџ сикс“, срцевиот удар, кој, за жал, бил фатален, се случил кога протокот на крв во срцевиот мускул одеднаш бил блокиран.






Атријалната фибрилација, од која страдал, подразбира неправилен и забрзан срцев ритам, додека хроничната лимфоцитна леукемија е вид рак кој ги зафаќа белите крвни клетки – лимфоцитите.

Ерик Бишоф зборувал за своите последни средби со Хоган.

– Видов дека е слаб. Звучеше изморено – рече Бишоф и му пренесел зборови на поддршка на Хоган.

– Навистина сакам да те видам, но малку ми е срам да ме видиш ваков, бидејќи сум доста болен – биле зборовите на Хоган.

– Кога јас те гледам, не го гледам она што го гледаш ти кога се гледаш во огледало, така што не ми е важно тоа, доаѓам во понеделник – му одговорил Бишоф.

Пријател на познатиот спортист додаде дека во последните денови му било многу тешко да разговара.

Халк Хоган почина на 24 јули.

„Имаше здравствени проблеми, но навистина верував дека ќе ги надминеме. Овој губиток е ненадеен и невозможно е да се прифати. За светот тој беше легенда… но за мене, тој беше мојот Тери“, напиша сопругата на Хоган, Скај Дејли, на Инстаграм.

Поврзани содржини