ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ДАЈАН КИТОН Нејзиното семејство проговори за последните денови на актерката

Актерката починала од пневмонија, открија членови на нејзиното семејство, кои изразија благодарност до бројните обожаватели на нејзиниот лик и дело за нивната исклучителна поддршка.

1,812

Неколку дена по веста дека починала легендарната актерка Дајан Китон (79), се огласи нејзиното семејство и ја откри причината за смртта, пренесува „Пипл“.

Актерката починала од пневмонија, открија членови на нејзиното семејство, кои изразија благодарност до бројните обожаватели на нејзиниот лик и дело за нивната исклучителна поддршка.






„Ги сакаше своите животни и беше непоколеблива во нејзината поддршка на заедницата на бездомници, така што какви било донации во нејзин спомен за локалната банка за храна или засолниште за животни би биле прекрасен и многу ценет придонес за неа“, рекоа од семејството.

Здравјето нагло ѝ се влошило

Портпаролот на семејството изјави дека Китон починала во Калифорнија во саботата на 79-годишна возраст. Нејзин пријател откри за „Пипл“ дека здравјето на актерката „многу ненадејно“ и неочекувано се влошило во месеците пред нејзината смрт.

Иако Китон ја чуваше во тајност нејзината здравствена состојба, во нејзиниот живот се случува големи промени кои укажуваа на проблеми. Во март, ненадејно ја огласи својата куќа од соништата во Лос Анџелес за 29 милиони долари, иако претходно изјави дека таму планира да остане засекогаш. Китон, позната по секојдневните прошетки со своето куче низ квартот Брентвуд, во последните неколку месеци не била видена во јавност.

Последната објава на Инстаграм на актерката е во април, а на неа изгледа здраво и среќно додека се гали со своето куче Реџи.

Свесна за грижите во староста

Добитничката на Оскар, Китон никогаш не се омажи, но речиси две децении беше во врска со нејзиниот колега од филмот „Кум“, Ал Пачино, пред да се разделат во 1990 година. Беше во врска и со режисерот Вуди Ален и со актерот Ворен Бити. Во своите 50-ти години посвои две деца, ќерката Декстер и синот Дјук.

Во интервју во 2012 година, Китон искрено проговори за стравот дека нема да биде покрај своите деца како што ќе старее.

– Многу сум свесна дека татко ми почина кога имаше 68 години, а мајка ми беше во раните 70-ти години кога нејзиниот мозок почна да откажува. Кога размислувам за моите деца во нивните 20-ти и 30-ти години, и за себе во 70-тите и 80-тите години, дефинитивно се грижам за тоа. Сакам да бидам тука за нив. Сакам моето тело и ум да останат силни и да ги споделам сите овие животни лекции. Но, исто така знам дека им е потребна слобода и независност за да учат сами – рекла Китон.

Поврзани содржини