СПРЕМАЛЕ ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ИДРИЗОВО Затвореници ископале тунел долг 60 метри

Според неофицијални информации, тунелот почнувал од шеталиштето во затворениот дел на затворот, каде што се сместени затвореници со високи казни, меѓу кои има и осудени на доживотен затвор.

1,170

 

 

 

Неколку затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, ни потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде за подоцна ни најавија повеќе детали и фотографии.






Неофицијално, тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица. Ископаниот тунел бил долг 60 метри. Тунелот почнувал од шеталиштето во затворениот дел на затворот, а водел надвор од затворот. Во овој дел од затворот се сместени затвореници со високи казни, меѓу кои има и осудени на доживотен затвор.

Копањето, наводно се правело со месеци, од повеќе затвореници, кои работеле во смени.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за спроведената акција.

ИДРИЗОВО КАКО ШОШЕНК Еве како изгледал тунелот што го ископале искусни робијаши (ВИДЕО)

 

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО Генерал-мајор Зоран Јовановски е именуван за нов управител на Казнено-поправниот дом

Поврзани содржини