ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ПЛАН НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС Кејт и Вилијам ова тешко ќе го поднесат
Кога ќе седне на тронот, ќе следат некои значајни промени, тврдат британските медиуми.
Тајниот план на принцот Чарлс протече во британските медиуми. Како што тврди „Дејли мејл“, по смртта на кралицата Елизабета Втора имотот ќе биде подостапен за јавноста, а сите оние кои ќе сакаат ќе можат да прошетаат низ велелепниот имот.
Освен тоа, принцот Чарлс размислува и за претворање на омилениот кралски дворец Балморал во музеј кој ќе биде посветен на неа, но и преселување на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во дворецот Виндзор.
Исто така, не сака да ја задржи резиденцијата Беркшир поради нејзината близина до пистата и преголемата врева која ја создаваат авионите.
„Имотот е една од првите работи на списокот кои ќе ги уреди откако ќе го преземе престолот. Второто прашање по смртта на кралицата ќе биде тоа како ќе ги распореди големиот број недвижности на двете генерации. Чарлс верува дека секој треба да живее во посебни резиденции. Исто така, цврсто верува дека мора и на јавноста да ѝ даде можност на пристап до палатата. Сите знаат дека нема смисла да се има толкава резиденција, но доколку во целост се откаже од нив, другите членови на кралското семејство нема да имаат каде да живеат“, потврдил за „Дејли мејл“ близок пријател до Чарлс и додал дека принцот се соочува со стресни дипломатски задачи со кои ќе се обиде да го убеди семејството во корист на сите промени.